Летно мезе од модар патлиџан, кој брзо се спрема и ароматичен на вкус поради лукот и магдоносот.

1. Модриот патлиџан се сече на кругови околу 0.5 см.
2. Јајцето се мати со вилушка и се посолува.
3. Во загреано масло се пржат круговите од модриот патлиџан претходно извалкани во јајцето од двете страни додека убаво не се заруменат.
4. Лукот ситно се ренда, а магдоносот ситно се сецка, потоа се промешуваат заедно со маслиновото масло. Доматите се сецкаат на тенки кругови.
5. Во чинија се реди модриот патлиџан, врз круговите се става магдонос со лук, а на крај се редат круговите од доматите.

По желба врз патлиџаните може да се додаде малку од мајонез или павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани