И уште една рецепта со модри патлиџани, ароматично летно мезе, а кога патлиџаните се млади тие се топат во устата. Прекрасна варијанта и за посните денови :)

1. Патлиџаните се сецкаат по 0.5 - 1 см по должина, потоа се посолуваат и се чекаат да се пуштат сок, па се сушат со салфети.
2. Патлиџаните се засекуваат од едната страна како шепи, потоа извалкани во брашно се пржат од двете страни. ( пожелно да се редат на салфети за да се впие вишокот од маслото)
3. Во чинија се редат испржените патлиџани, одозгора се попрскуваат со јаболков оцет и врз нив се става изренданиот лук.

Доколку сакате можете да попрскате патлиџаните со маслиново масло.
Летно мезе од модри патлиџани се послужува изладено.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани