Интересен предлог.
Може да се користи и како појадок, а истотака и како десерт.
Јајцата се матат со млекото, шеќерот и циметот.
Парчињата леб се сечат на триаголници.
Се потопуваат во смесата и се пржат во растопен путер.
Како прилог се спрема еден вид на компот* од јаболка.
Јаболкото се лупи и се сецка на мали коцки. Во сад на оган се растопува 2 лажици шеќер. Кога ќе се растопи шеќерот се додаваат јаболката и се промешува. Се остава да се попржат додавајќи им 25 гр путер.
После 2-3 минути пржење, се додава 150 мл вода и се остава да се повари околу 7-8 минути.
Вкусот е совршен. Пробајте.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови