Оризот се вари во сооднос 1 на 3. Чисто без зачини, затоа што потоа пржењето на зеленчукот се додава соја сос кој е солен.
Келерабата се сечка ситно на лентички. Црните печурки се оставаат на набабрат кратко време.
Се пржат во вок тава лентичките келераба, се ставаат и чили пиперчињата, па при крај по 15 минути се додаваат и печурките. На крај соја сос и сусамово масло малку.
Се сервира со варен ориз.

Брзо и едноставно, а превкусно.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани