- Сварете ги во подсолена вода излупениот и на коцки исечен компир и морков, внимавајки да не се преварат. Иседете ги од водата и оставете да оладат. Потоа со алатка изгмечете ги.
- Исецкајте ситно крастивичките и сварените јајца. Додадете кај згмечениот компир и морков, доколку не е доволно солено осолете на вкус и додадете малку бибер и измешајте. Оставете да олади и да се спојат вкусовите.
Сос
- Во тесен и висок сад ставете ги лукот, маслото, исцеден сок од лимон, студеното пресно млеко, биберот. Пасирајте ги со пасаторот бавно подигајки го нагоре, ќе се згусти. Тоа трае околу 30-40 сек. Исклучете го пасаторот. Додадете го киселото млеко и со лажица измешајте да се спои со останатото. Формирајте ја салатата по ваш избор и залијте со сосот.

Јас ја направив во полутопки и на секоја ставив по 2 лажици од густиот сос.
Совет
- Кога се ладни компирите и морковот тие се добро гмечат, внимавајте да не ги направите како пире, подобро е да има поедри парчиња. Краставичките и јајцата исецкајте ги поситно, не ги рендајте.
Кога прв пат го спремав сосот за мене беше едно убаво вкусно откритие, значи сосот надополнува се што е потребно за салата и маслото и мајонезот и павлаката. Овој сос го надоместува целото тоа.
- Пробајте го сосот додека го спремате, доколку сметате дека е потребно сок од лимон или лимонова киселина ако одлучите да ставите - додадете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани