Еве предлог за вкусно летно мезе од модар патлиџан.
Прво измиениот модар патлиџан со помош на алатка го сечиме на тенки ленти.
Малку го посолуваме и оставаме да одстои 5 минути.
Може да се запечи кратко во грил тава или обична тава.
Многу малку ги посипуваме лентите со брашно и ги пржиме од двете страни да заруменат.
Ги оставаме на страна.
Исто и краставицата ја сечиме на танки ленти.
Ја оставаме на страана.
Во еден сад ги соединуваме издробената фета, сецканата пиперка,панцета,магдонос, зачини по вкус.
Соединуваме.
Ако ви се чини многу сува смесата додадете една лажица кисела павлака.
Земаме две тајнирчиња за сервирање.
Наизменично на дното редиме ленти краставица и ленти црн домат.
Сега внатрешноста ја полниме со фета намазот.
Краевите кои ни висеа од модриот домат и краставицата ги завиткуваме навнатре.
значи формираме пакетче.
Јас ги ставав на постела од подготвена палента и декорирав со краставица, црвен домат...
Вклучете ја вашата фантазија и уживајте со чашка добра ракија
Палента - во касерола се става водата, солта, путерот да се загреат.
Се додаваа палентата и се вари до згуснување.
Се истура во модли за да се излади и стегни.
За неа многу пати сум пишувала во моите веќе објавени рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови