1. Во еден сад се става брашното, во средината се прави дупка каде што се става квасецот и шеќерот и 1/2 од млаката вода и се остава да се активира.
2. Откако квасецот е активен се додаваат другите состојки за тестото и се замесува.
3. Готовото тесто се остава 30 мин на топло да се одмара.
4. По половина час повторно се размесува.
5. Кашкавалот се ренда, сувомеснатото и печурките се сечкаат на парчиња.
6. Длабоките садови каде што ќе се печат пиците се премачкуваат со путер и се распределуваат состојките.
7. Од тестото се расукуваат кругови и се поставуваат над порцеланските садови така што краевите на тестата бидат надвор од садот.
8. Се печат на 220 степени до добивање на коричка и растопување на кашкавалот.
Се добиваат 3-4 пици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови