Брз десерт за летниве горештини..
Водата и шеќерот се ставаат да зовријат. Праските се лупат се сечат на половина и се пуштаат во водата 2 минути да вријат.
Бисквитите се дробат со раце потоа се додава алвата и се замесува со сок од праски по потреба додека се добие смеса како за бомбици.
Се зема од филот се прави топче и се става во половинките изладени праски.
Млекото и шлаг кремот се матат убаво и со шприц врз секоја праска со фил се става шлаг.
Јас ги посипав и со малку мелени ореви.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови