Со оваа торта, го одбележивме 16 ти роденден на мојата ќерка Елена.
И бидејки мама исполнува желби, така и оваа година, требаше да биде нешто освежително, весло...па еве ја искористив оваа прилика да ја подготвам оваа торта.
Гостите задоволни, Елена уште повеќе:)

Одлична торта за тие што сакаат освежителен вкус.
На стандарден начин се подготвува пандишпанот.
Се матат јајцата со шеќерот пенесто, се додаваат ванилата и брашното помешано со пецивото.
Се пече во загреана рерна, па се остава да излади и се дели на два дела.

Во меѓувреме се спрема кремот.
Во сад на тивок оган се помешуваат двете течности, млекото и сокот од компотот од праска.
Течноста мора да биде до 1 литар.
Откако е затоплена се разматуваат 3 пудинга од ванила и се додаваат во течноста. Се вари додека се добие посакуваната густа смеса.
На страна матиме путер со прав шеќер и кога е ладен пудингот ги помешуваме.
Додаваме и мелени бисквити и мешаме додека да добиеме цврста смеса.
Откако се е спремно одиме со филување на тортата.
Еден ред од пандишппанот ставаме на подлога и филуваме со кремот.
Редиме ред од целите праски и покриваме со крем.
Потоа го додаваме и вториот дел од пандишпанот, покриваме со кремот во дебел слој насекаде.
Растопуваме кутиче со бела глазура и ја прелеваме тортата.
Декорираме со шеќерни цветови и пеперутки.
Попрскуваме шарени топчиња насекаде.
Тортата ја оставаме во ладилник да се стегне добро.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови