Уште еден во низата на прекрасни десерти.
За мене одличен, освежителен...
Еве ја постапката
Водата, шеќерот и сокот од праска се затоплуваат додека не се растопи шеќерот.
Праските, водата, шеќерот и сокот од лимон одделно крчкаат на страна додека не се омекне праската.
Се вари 15минути.
Се остава да излади.
Слатката павлака се мати со шеќерот во прав.
Се земаат чашите и се реди најдоле кршени пишкоти.
Ако правите за возрасни, ставете ликер во првата смеса ,ако правите за деца, ставете сок.
Попрскајте ги пишкотите со оваа смеса, па додајте го праска сосот.
Врз сосот ставете од матената слатка павлака, па повторете ја постапката додека имате место во чашата.
Декорирајте со парчиња свежа праска и ронки од пишкоти.
Оставете да излади па служете.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови