Многу декоративни солени кошнички погодни за празнична трпеза, родендени, имендени, матурски.....празнувања

Прво во еден сад го ставаме сецканиот путер, солта, пецивото, брашното.
Со рацете правиме трошки а потоа додаваме вода за да го замесиме.
Количината е од 5-7 лажици, во зависност од брашното.
Месиме нелепливо тесто.
Го покриваме со фолија и го оставаме во фрижидер 15 минути.
Потоа сучиме танка кора и со модла, цветче вадиме форми.
Секое цветче го ставаме во модла за најмали мафини, без претходно да ги намастуваме.Во средината малку ги притискаме.
Ги печиме кратко од 10-13 минути.
Многу лесно се вадат од калапот( 24 ми излегоа парчиња).
Ги оставаме да се изладат.
Јас ги полнев со 2 вида на солени филови.
Во еден сад го ставив крем сирот, триената сол, бибер.
Промешав, ставив во шприц и ги полнев кошничките( тоа се оние во средината)
За другиот крем соединив крем сир, павлака, ајвар, ставив во шприц и ги полнев кошничките.
Основата може да биде крем сир павлака, мелен орев.... и понатаму препуштете се на вашата машта, или на она што ви го нуди фрижидерот.
Како и да ги наполните нема да згрешите.
Вкусни, декоративни....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани