Еве една интересна идеја за убав празничен десерт. Превкусни штангли, кои одлично ќе се вклопат во декоративната велигденска трпеза. Топло ви ги препорачувам.
1. Најпрво се подготвуваат пандишпаните. Постапката е иста за двете теста, со тоа што во едното ставаме кокос, а во другото ореви.
2. Рерната се загрева на 250 степени.
3. Во плехот каде што ќе печете, ставете го листот за обланда. Доколку не ви се вклопува со големината на плехот, малку скратете го.
4. Петте белки се матат кратко сами, а потоа се додава и шеќерот.
5. Се мати убаво, десетина минути, да се добие цврста бела смеса.
6. Во неа се додаваат – брашното, оревите во првото тесто, во второто кокосот и половина пециво.
7. Со лажица се меша убаво да се изедначи смесата.
8. Потоа смесата се распоредува во плехот, врз листот за обланда и се пече во веќе загреаната рерна, која треба да се намали на 180 степени.
9. Се пече прилично кратко (кај мене 8 минути) под надзор, додека површината на тестото не порумени убаво, да добие кафеава боја.
10. Двете теста после печењето се оставаат да се изладат.
11. Жолчките и шеќерот се матат над пареа.
12. Во длабок сад се загрева вода (на средна температура), па кога ќе почне да испарува, длабокиот сад каде што се жолчките се става над пареата и со ниска брзина на миксерот се почнува да се мати, внимателно и полека.
13. Кога ќе забележите дека миксерот остава траги низ смесата од жолчки, а и самата смеса ќе почне да згуснува, тргнете го садот со жолчки и со повремено мешање оставете кремот да се излади.
14. Потоа додадете го путерот и нутелата (или некој друг темен крем) и убаво изматете со миксер.
15. Премачкајте го кремот врз една од корите, а со втората поклопете врз кремот.
16. Така приготвениот колач оставете го убаво да се стегне преку ноќ, потоа исечете штангли и полужете.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови