Во еден сад ги соединуваме јајцето, шеќерот и овошниот јогурт.
Соединуваме со миксер кратко.
Сега ги додаваме маслото, пецивото, вишните и брашното.
Сето со шпатула го соединуваме.
Го загреваме апаратот, ставаме по една лажица од смесата и печиме да заруменат.
Ги оставаме на кујнска решетка да се изладат, па ги декорираме со малку изматена слатка павалака и кандирани вишни.
Забелешка- јас користев овошен јогурт од праска.
Добив одличен спој на праска и вишна.
Секако може да се користи овошен јогурт по ваш вкус.
Чашката ја измив, избришав и истата таа амбалажа ми беше мерка за останатите продукти.
Рецепт за кандирани вишни има овде

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани