Прво исчистениот и измиен спанаќ кратко го бланшираме.
Го ставаме во цедалка да се исцеди вишокот течност, а по потреба и го цедиме со рацете.
Во нутрибулет ги ставаме јогуртот и исцедениот, изладен спанаќ и соединуваме.
Така бојата на тестото ќе биде поинтензивна.
Во вангличка ги матиме јајцата со солта.
Со исклучен миксер ги додаваме маслото, соединетите спанаќ и јогурт, пецивото, брашното.
Соединуваме со шпатула и ја ставаме смесата во правоаголна тава да се печи, на која претходно сме и ставиле хартија за печење.
Печиме околу 30 минути во загреана рерна.
Кај мене ширината на тавата беше 24 цм и пресеков 3 ленти по должина, со ширина од 8 см.
Но сметам дека е подобро да се пресечат 4 ленти по 6 цм.
Вака дојде тортата повисока, но потесна.
Сега во еден сад ги соединуваме сите состојки за фил.
Зачинуваме по вкус.
Сите три ленти ги премачкуваме со филот.
Сега ги редиме во вертикала, една позади друга, и почнуваме првата лента да ја виткаме како полжав, од кратката страна, продолжуваме со втората, па со третата.
Вака подготвената торта( добиениот полжав) ја оставаме во фрижидер 1 час убаво да се стегни.
Потоа ја вадиме на тајнир за послужување, ја премачкуваме цела со кисела павлака, па ја декорираме со ротквици, краставички, магдонос...
Послужуваме.
Ветувам поубава слика од пресек наредната подготовка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани