Сочен леб, полн со вкусови, се подготвува најчесто во јужна Германија и Австрија во периодот пред Божиќ.
Сувото овошје (кајсиите, урмите и смоквите) исечкајте го на коцкички, ставете ги во еден длабок сад и додадете сувото грозје и лешниците. Ставете го медот, румот и зачинките, убаво измешајте, покријте со капак или фолија и оставете така најмалку еден час да одстои.
Млекото заедно со медот и путерот ставете да се загрее додека путерот да се стопи. Оставете малку да излади, течноста треба да биде млака.
Во еден сад ставете го брашното, солта и сувиот квасец, додадете го млекото со путерот и мед и со миксер со спиралните маталки изматете се додека да започне тестото да се одвојува од страните од садот. Продолжете со рачно месење уште неколку минути. Ставете го тестото во сад, покријте со крпа и оставете на топло да стасува околу 30 мин.
Кога стасало, додадето го сувото овошје и измесете повторно. Тука мене ми полесно тестото да го извлечам во кора, го ставам овошјето во средина, преклопувам од сите страни со тесто и започнувам да го месам. Се меси подолго, околу 10 мин, се додека целото овошје се спои со тестото.
Долгнавестата модла навлажнете ја со малку вода и ставете хартија за печење. Со влажни дланки оформете го тестото во долгнавеста форма. Ставете во модлата, покријте со крпа и оставете на топло да ставсува 30-40 мин.
Рерната загрејте ја на 175 степени. Ставете го лебот да се пече вкупно 75-85 минути. Кога ќе зарумени (одприлика после 30 мин печење) покријте го со фолија и оставете така до крај да се допече. Пред крајот проверете со нож или чепкалка дали е лебот готов.
Оставете убаво да се излади па завиткајте го во фолија. Најдобро да одстои најмалку два дена (најдобро две недели) во ладна просторија (никако во фижидер) за да го развие неговиот полн, богат вкус. Рок на употреба има 1-2 месеци.
Пред да послужите, посипете обилно со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани