Козјото сирење најмногу го користиме, затоа и ова похување е направено со него. Одлично е како мезе или топло предјадење.

Подготовка
Јајцето го матиме со вилушка. Во друг сад ги ставаме лебните трошки, сусамот и зачините. Маслото го ставаме да се загрее на средна температура.
Одбираме тврдо козјо сирење. Го сечеме на кришки по желба, ама гледаме и дебелината да им е околу 1-2 см, за да можеме да го превртуваме додека го пржиме, а да не ни се крши и рони. Секое парче го потопуваме од сите страни во јајцето и го валкаме во смесата од лебни трошки. Го ставаме да се пржи до поцрвенување.
За сосот сите состојки ги мешаме и зачинуваме по вкус.

Забелешка
Сосот си го правите по вкус, ова се главните состојки. Ако сакате поинтензивен вкус на лук, можете сосот да го направите и со свежо сечкан лук.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани