Тиквичките и модрите патлиџани се лупат и се сечат на тркалца со дебелина од 1 см. Се ставаат во подлабок сад и се преливаат со преливот.
Сенфот се разматува со зејтинот и се додава зачинот и карито.
Одкако ќе се прелијат убаво се меша да се зафатат сите парчиња и треба да одседи така половина час.
Во плех на хартија за печење се редат круговите.
Претходно секој се макнува во разматено јајце, во брашното помешано со лененото семе. Вака се редат во плех и се ставаат на печење. Парчињата се сечат подебели за да останат внатре меки ако се потенки се сушат.
Одкако ќе се испечат се служат со пржено месо како прилог. Кај нас како најчесто тоа е свинско месо пржено и прелиено со вино. Еднакво се вкусни и ладни онака за грицкање -ОД ДОСАДА.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани