1. Од сладоледот со помош на лажица и на раце се формираат топки и се оставаат во замрзнувач  1 час.
2. Бисквитите, кокосот и шеќерот се блендираат да се соединат и да станат уште поситни.
3. 2 од јајцата се матат и им се додаваат нишестето и млекото се мати да се соедини.
4. Топките сладолед се ставаат прво во смесата со јајцата, а потоа се валкаат во смесата со бисквити и потоа се оставаат во замрзнувач за 1 час. Постапката се повторува уште еднаш.
5. Така подготвени топките сладолед се оставаат во замрзнувач за најмалку 2-3 часа.
6. Пред самото пржење маслото се загрева многу силно, преостанатото јајце се мати и сладоледот се потопува во јајцето и потоа во смесата со бисквити пак.
7. Се пржи до поруменување за кое што е потребно 5-7 секунди.
- Се сервира веднаш во комбинација со сосови и или овошје.
- Треба да се внимава од сите страни да е убаво завиткан сладоледот во смесата за поховање затоа што ако не е ќе праска.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови