- Модриот патлиџан излупете го, исечете на подебели ленти (стапчиња), посолете и оставете да одстојат околу 20 мин. по што ќе ги измиете и потсушете со салфета
- Лебните трошки измешајте со пармезанот доколку сте одлучиле да ставите и од него.
- Белките лесно сматете ги.
- Секое парче валкајте го во белката потоа во лебните трошки и редете во плехче послано со хартија за печење. Одозгора лесно попрскајте ги со масло и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени до нивно омекнување.
- Служете со сос од домати иако се вкусни и така да се грицкаат.
Напомена
- Споменав дека не мора да ставате пармезан ако не го обожавате, но со него ми се повкусни.
- Не мора ниту масло да користите. Пробани со масло и без масло има една разлика, без масло се мекички, а ако одлучите да ставите тогаш ќе имате одлична крцкава грицка која совршено се вклопува топнувајки ги во доматен сос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани