- Месото од бутот исечете го на шницли, истенчете го со чукчето за толчење месо, зачинете на вкус - ставете во сад и залејте ги со киселата вода. Затворете садот и оставете да одлежат вака приготвените одресци најмалку 2 часа. Велам најмалку, значи може и повеќе време.
- Јајцата со вилушка склапајте, увалкајте секој одрезок прво во брашното,па во јајцата, потоа во лебните трошки.
- Пржете ги на умерен оган.
Послужете со зелена или компир салата.

Напомена
- Киселата вода го прави месото меко, кревко....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани