Кога имате зрели банани кои веќе никој не ги јаде ова ви е начин да добиете превкусен десерт, а да ги искористите бананите пред да ги фрлите.
Исечете ги бананите на крупни парчиња, наредете ги во некоја кутија и ставете ги да се замрзнат.
За смесата за поховање, изматете го јајцето со пивото и млекото, па додајте го шеќерот, циметот, пецивото и брашно колку да се добие густа смеса.
Загрејте масло на не многу јака температура.
Извадете ги бананите од замрзувачот, секое парче ставете го во смесата, па во маслото да се пржи.
Пржете од сите страни, додека не добие убава румена боја.
Ставете ги пржените банани на хартија да се впие вишокот од маснотија
Одозгора можете да ги прелиете со мед и стопено чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови