Подготовка
1. За подготовка на филот на масло го запржуваме модриот патлиџан и кромидот. Додаваме сол и бибер и пржиме додека да омекнат.
2. Потоа ги додаваме сецканите домати, за'атар, кумин, лук и продолжуваме со пржење додека течноста да испари. Додаваме ореви, магдонос, лимонов сок, и ја оставаме смесата да се олади.
3. Ги мешаме сите состојки за сосот. Водата ја додаваме по потреба за да се добие сос кој може да се прелива.
4. Фетата ја пасираме со вилушка, колку да може да се премачкува.
5. Парчињата леб ги потпекуваме на грил, секое го премачкуваме со фета и ставаме од филот со модар патлиџан.
6. Потоа преливаме со таан сосот, посипуваме со за'атар и сусам и лепчињата може да ги послужиме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани