1. Топлата вода ја ставаме во длабок сад за месење.
2. Ронејќи го, го додаваме квасецот.
3. Го додаваме и шеќерот заедно со една лажица од брашното, па убаво промешуваме, да не останат грутчиња.
4. Потоа го додаваме маслото, заедно со уште две шолји од брашното и солта.
5. Мешаме со дрвена лажица, за да добиеме густа смеса.
6. Потоа пополека го додаваме целото брашно, замесувајќи убаво, меко и мазно тесто кое не се лепи.
7. Го поливаме и премачкуваме со малку масло, го покриваме со крпа и оставаме да нарасне 40 – 60 минути.
8. Откако нараснало, тестото го премесуваме уште еднаш.
9. На набрашнета работна површина го распоредуваме тестото, формирајќи го како долгунеста кифла.
10. Го сечеме на 16 еднакви делови – прво на 4 поголеми дела, а потоа секој дел на уште 4 помали делчиња.
11. Секое делче тесто го расукуваме и врз секое рендаме по малку маргарин, со тоа што внимаваме да ни остане за сите тестенца.
12. Расуканите корички ги редиме едно врз друго – коричка, маргарин, пак коричка – со тоа што на последната коричка не рендаме маргарин.
13. Уште на почеток одделуваме 50 гр. од маргаринот за да ги премачкаме готовите кифлички.
14. Откако сите корички ни се потрошени и тестото е наредено, го наплескуваме малку, па го сечеме на 2 еднакви дела.
15. Секој дел убаво и внимателно (да не ни испадне маргаринот) го расукуваме во голема кора.
16. Секоја кора ја сечеме на 16 делови за да формираме кифлички.
17. По желба може да се наполнат со мармалад, со сирење (ако не мора да се посни), или со крем, а супер се и празни.
18. Кифличките се виткаат, се редат во плех премачкан со маргарин, се премачкуваат со стопен маргарин, им се наросува сусам и се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути – или додека убаво не поруменат.
19. Потоа ги покриваме со крпа и најлон за да останат меки, нека се изладат малку па ги послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови