Едноставно, брзо старо благо.
Во длабок сад се помешуваат виното и маслото.
Се додава шеќерот и се меша со лажица додека не се стопи шеќерот.
Се додава брашното помешано со пецивото и ванилата.
Се меша убаво да се добие мека смеса.
Се зема од смесата на рака се расплеснува коричка.
Во средината се става мармалад, па се затвара од краевите да дојде мармаладот затворен.
Се става со затвореното од доле на плехот.
Не се подмачкува тавчето затоа што содржи масло во колачето.
Печете во вжештена рерна.
Вклучете ја рерната уште кога ќе почнете да замесувате.
Печениве колачиња се валкаат топли во шеќерот во прав.
Се служат истинати.
Јас ставив мармалад од боровинки, а вие ставете си по свој вкус.
Ако ставите повеќе мармалад, во печењето знаат да пукнат колачињата и да истече мармаладот.
Затоа ставете си по едно мало лажиче доволно ќе биде.
Се мери со ист филџан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови