Да се дотрошат залихите од сторената зелка од зимоска.

1. Сторената селка се сечка на парчиња и се става во повисоко тенџере или пекач.
2. Се става малку масло, црн пипер, црвен пипер и расолница во количина по потреба до висина на зелката, се меша и се става во загреана рерна на 200 степени околу 1 час.
3. Потоа се вади од рерната, се става измиениот ориз, се измешува и пак се враќа во рерна.
4. Додека се пече во рерната, расолчето повремено внимателно се промешува за да не се залепи оризот на дното.
5. Кога оризот е сварен се прави запршка. Се запржува брашното да порумени, се трга настрана и се става црвениот пипер мешајќи, потоа се тура во расолчето. Се допекува уште половина час.

Забелешка
Бидејќи расолницата е солена, не е потребно да се додава сол, а во случај расолницата да е доста солена, тогаш во расолчето се става само вода.
Јадењево не мора да се прави во рерна, мене лично вака ми е полесно, инаку може да се прави во тенџере на рингла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани