Одамна не сум објавила некој нов рецепт за леб, па еве решив во тек на велигденските пости, да направам еден посен леб. Иако јас не постам, се надевам на многумина овој рецепт ќе им биде од корист, за мала промена во хроно кујната.

Како и сите други хроно лепчиња, така и овој се подготвува многу лесно и едноставно.
1. Сувите состојки ги мешаме во еден длабок сад. Додаваме масло и вода и убаво мешаме со лажица.
2. Смесата ја префрламе во округол калап, одозодола обложен со хартија за печење. Убаво го распределуваме тестото и премачкуваме со слој вода.
3. Врз лепчето наросив малце пченкарно брашно и прстофат сол и направив плитки шари, со помош на тапата страна на ножот.
4. Се остава да одмори половина час и потоа се става да се пече во загреана рерна, на 220 степени, околу 20тина мин.
5. Печениот леб се остава убаво да се излади, замотан во крпа и на решетка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови