1. Семките од тиква и лупениот сончоглед се потпекуват без масло и се оставаат да се изладат.
2. Во садот каде ќе се меси се става млаката вода, маслото, издробениот квасец и се меша со жица.
3. Се додаваат семињата, солта, ориганото, сушеното нане, лукот во прав (или 1 чешне лук), се меша сето заедно.
4. Потоа постепено се додава просеаното брашно и се меси додека се добие средно меко нелепливо тесто. Се остав да кисни 20-тина минути.
5. Со оклагија се рассукува кора дебела 1 см. и зависно од тоа колкави сакате да бидат топчињата си одбирате со колкава чаша ќе сечете кругови. Мене на овој начин ми е полесно да добијам слични по големина топчиња, а може да се прескокне оваа постапка и директно да се кине од тстото и да се прават топчиња со големина по желба.
6. Од секој круг се формира топче и се става во плех со хартија за печење.
7. Додека да се загрее рерната на 200 степени, топчињата ќе нараснат малку, па одозгора се засекуваат со нож, се премачкуваат со масло и се наросуваат со сусам. Се печат околу 20 минути.

Ако не мора да бидат посни, топчињата се премачкуваат со жолчка и се наросува сусам.
Овој рецепт е од мојата пријателка Снеже, на која и благодарам за рецептот и неa ѝ го посветувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани