Во потрага по посен и брз десерт, денес решив да ги проготвам овие прелесни, превкусни и меки како душа, а посни палачинки. Всушност, го користев домашниот рецепт за питулици, со мал додаток на пециво, сода и шеќери. Испаднаа одлични, а може да се засладат уште со мармалад, крем, шлаг, овошје, овошни преливи итн.
1. Во длабока вангла ги мешаме сувите состојки.
2. Ги додаваме маслото и постепено водата додека мешаме полека со жица за матење или дрвена лажица. Смесата може да се измати и со миксер.
3. Јас го користев електричниот апарат за палачинки од Делимано, па дел по дел од смесата ја претурав во соодветната чинија и со тавчето натопувајќи ги печев палачинките неколку минутки од едната, а неколку минутки од другата страна. Ми одзеде навистина малку време. При печењето не користев масло.
4. Палачинките можат да се печат и во тефлонска тава, во Делимано Стоун Леџенд тавата или пак во соодветна тава за палачинки – кој како има. Ако работите вака, имајте во предвид дека ќе ви биде потребно масло за печење.
5. Нека ви се на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови