Повкусни и помеки посни мафини од овие, досега не сум направила.
На сите ни се допаднаа и редовно ќе бидат присутни кај нас и во посно и во мрсно.
Оргиналниот рецепт е во мрсна верзија со едно јајце, без кисела вода и брусница.
Подготовката не е комплицирана, оди вака:

- Во подлабок сад се ставаат сите суви состојки како што се наведени по редослед, се става брусницата и маслото и се меша со лажица.
- Бананите се пасираат со вилушка додека да станат како каша и се попрскуваат со лимонов сок.
- Пасираните банани се ставаат во садот и со лажицата убаво се изедначуваат со останатите состојки, а на крај мешајќи се става киселата вода.
- Корпињата за мафини се ставаат во калапите, се полнат 2/3 со смесата, се посолуваат со малку мелен орев и се печат 10 минути на 200 степени и уште 10 минути на 180 степени.

Од оваа доза излегуваат 16 вкусни мафини.
Пробајте ги, прекрасни се!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани