Сезоната на тиква е одамна почната во мојот дом, а овие ароматични, есенски мафини се еден од начините на кои може да се искористи.

- Во сад се мешаат маслиновото масло, млекото и медот. Потоа се додава пирето од тиква и зачините. На крај се додава брашното и содата, па се убаво се соединува.
- Во тава за мафини во која претходно сме ставиле хартиени корпи ја истураме приготвената смеса. На секој мафин му наросуваме сецкани ореви.
- Печеме 15-20 минути на 180 Ц.

Напомена
Количината на мед приспособете ја на својот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови