1. Во вангличе ги мешаме сувите состојки, ги додаваме маслото и белото вино. Со рака месиме. Треба да се добие средно тесто, доколку е потребно се додава уште малку брашно.
2. Тестото го делиме на 4 дела и од секој дел сучиме округла кора со дебелина од 5 мм. Со нож ја сечиме кората на осминки. На секоја осминка ставаме по 1/2 мало лажиче мармалад. Ги виткаме во форма на кифлички. Истата постапка ја повторуваме со сите 4 дела на кои го поделивме тестото.
3. Ги редиме во плех обложен со хартија. Печиме на 180 степени околу 25 минути.
4. Откако ќе се изладат ги валкаме во шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани