Во еден сад го ставаме брашното. Квасецот со водата и шеќерот го ставаме да надојде, па го додаваме во брашното. Го додаваме маслото и солта и замесуваме тесто, кое не треба да се лепи за рацете. Го оставаме тестото да одмори 30 мин.
Потоа во тенџере ставаме 2 л вода со сода и сол да зоврие. Ги правиме переците и ги спуштаме во водата што врие на 30 секунди, ги вадиме и ги редиме во плех обложен со намрсена хартија за печење. Посипуваме ким и ги ставаме переците да се печат, во загреана рерна на 200 степени околу 20 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови