Вкусна чорбичка иако овој пат е во посна верзија.
Во сад со вода ги ставаме да се сварат компирите сецкани на коцки и морковите сецкани на тркалца.
Кога ќе бидат речеиси сварени ги додаваме, лукот и копривите претходно исецкани и обарени.
Ги додаваме зачините и вариме околу 5 минути.
Пред самиот крај го раствораме брашното со малку вода и го додаваме во садот.
За мрсна варијанта додавам масло, јајце и малку кисела павлака со висок процент на масленост.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови