Фина, сочна без масло торта,токму за овие пости.
Во длабок сад се става водата и шеќерот и се меша. Потоа се додаваат постепено сите состојки мешајки со дрвена лажица. На крајот се додаваат ренданите јаболка и се остава смесата да постои 10мин.
Се печи во загреана рерна на 200С-30мин. Се остава да олади и се прелива со шербет.
Во оваа тортичка нема масло. Значи тепсивчето не се подмачкува со ништо. За поубава арома му ставив 3 кори од аранчини и навистина беше полн погодок .Додека се прелива се поросува со кокос или ореви. Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани