Најпрво да потенцирам дека состојките слободно можи да се зголемат или намалат во количината по желба.

Прокељот го проваруваме во посолена вода 5-6 минути, да омекни. Потоа го цедиме од водата.
Тиквичката ја сечкаме на ситни коцкички и ја ставаме на умерен оган со малку маслиново масло да се попржи. За тоа време ги сечкаме и печените пиперки и ги додаваме и тие да попржат и испуштат од својата миризба. Малку посолуваме.

Во длабока чинија ја истураме туната исцедена од маслото, го додаваме доматот предходно исечкан на коцкички, па пржените тиквички и пиперки, прокељот, исечканите маслинки и млад кромид (јас не ги користам перјата) и салатката/марулата ситно издробена. Се посолува и се убаво се меша.
*Доколку сметате дека ви треба масло (кај мене беше доволно од она кое залепи на туната и она во кое се пржеа тиквичките) додадете си по потреба и желба или од она од конзервата или било какво.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани