Ова е моја смислена варијанта на посна мусака со печурки, која за тие што постат или оние кои не јадат месо ќе им биде одлична идеја за убав ручек.

1. Свежите шампињони се мијат, се сечкаат, малку се посолуваат и се пржат.
2. Кога ќе испари водата која ја испуштиле печурките, се става исечканиот кромид и се продолжува со пржење уште 15-тина минути да се запржи и кромидот.
3. Компирите се сечат на кругови како за мусака и се редат во 1 ред во земјена тава, потоа врз нив се распоредуваат пржените печурки и се завршува со втор ред компири.
4. Брашното се запржува да порумени, се зачинува со црн пипер, мешан сув зачин и кари, и постепено се додава млаката вода цело време мешајќи, додека да згусне и да покрчка неколку минути.
5. Потоа посниот бешамел се полева врз компирите и се става во рерна која се пушта на најсилно и штом ќе загрее се намалува на 200 степени и се остава да се пече уште 40-45 минути и да заруменат компирите.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани