Во топлата вода го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно.
Оставаме да се активира.
За тоа време на загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз да омекне.
Го зачинуваме со сол, бибер, буковец.
Потоа во вангличката ги ставаме солта, маслото и додаваме од брашното.
Замесуваме нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да стои 15 минути.
Потоа го делиме на 4 дела, односно две помали топчиња и две поголеми.
Од двете погоилеми правоаголни топчиња сучиме правоаголни кори и им ставаме од пржениот праз.
Ги виткаме како ролат и ги ставаме едно до друго во округла тава бр 26, на која сме и ставаиле и хартија за печење.
Сега од првото округло мало топче расукуваме мала коричка.
Таа ја ставаме во средината кај двата круга.
Во остатокот од испржениот праз ги додаваме 2 лути сецкани пиперки.
Овој фил го ставаме на коричката.
Со останатото парче тесто расукуваме коричка и , малку поголемка , ја нанесуваме врз филот и правиме наборчиња.
Попрскуваме одозгора со малку масло.
Ја ставаме во загреана релна на 190 с. и печиме околу 25 минути.
Испечена ја вадиме на кујнска решетка, да подизлади, па потоа заедно со гравчето, малите посни прилепски сармички,ципурата,лепчето со паричка.... ја послужуваме на Бадниковата вечера.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани