- Јаболката изрендајте, брашното, сувото грозје, оревите, содата и пецивото измешајте.
- Ставете го во јаболката шеќерот, измешајте, додадете ја киселата вода, измешајте, а потоа доддете го измешаното брашно. Убаво измешајте да се целото тоа спои. Оставете малку да одстои.
- Ставете ја смесата во подмачкана тавка бр.36 и нека се пече околу 30 мин. на 200 степени, намалете на 180 и нека се допече за уште 10 мин.
Шербет
- Залијте го шеќерот со водата и нека вари само 5 мин. тргнете од оган и прелијте го оладениот и насечениот колач. Покријте и сочекајте да го впие шербетот.
Напомена
- Во рецептот кој го имам за шербетот пишува дека треба да се свари 450 гр. шеќер со 500 мл. вода, за мене е тоа многу тажно благо, затоа намалувам од вкупната количина на шеќер и ставам повеќе вода. Овој колач сака да има повеќе на количина од шербетот. Се пари - топло - ладно, па дали вие прво ќе го испечете колачот и да се олади, а потоа ќе го варите шербетот или пак обратно - изберете.
- Јас ја печам повеќе време, зависно од рерната, затоа проверувајте со чепкалка.
- Бидејки е голем овој колач, секогаш го правам со половина од состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани