Во тек се Велигденските пости, па затоа решив да го направам овој посен хроно леб, за да ви помогнам со идеја за вкусен леб во тек на постите.

1. Се мешаат сите суви состојки и се додава маслиновото масло и водата. Убаво се промешува смесата, за да се изедначат состојките. Се остава да ферментира околу 8 часа. Колку подолго ферментира, толку повеќе се намалува количината на фитинска киселина што ја содржат житариците.
2. После ферментација, односно пред печење, се додава содата и лимоновиот сок и сето тоа убаво се меша.
3. Во калап за леб обложен со хартија за печење, се префрла смесата. Треба да биде густа, влажна и кашеста. Во влажни раце се поминува горниот слој за да се формира смесата.
4. Се наросува со семиња и со еден прстофат сол. На лебот се прават странични засеци, за да поубаво се испече.
5. Лебот се става во ладна рерна и тогаш се уклучува на 250 степени. Така се пече околу 20тина мин. Потоа се намалува на 220 и се пече уште 20-30 мин, зависно од рерната. За да бидете сигурни дека е печен, проверувајте со чепкалка. Треба да остане сува кога ќе боцнете во лебот. Тогаш е печен.
Друг показател е кога ќе ја вадите хартијата за печење, таа лесно треба да се отстрани и да не се лепи за кората од лебот.

Чување на лебот
- печениот леб оставете го на решетка, завиткан во памучна чиста крпа, да се олади до крај
- потоа обавезно исечете го на тенки кришки и повторно замотајте го во крпа и ставете го во кеса
- ако оваа количина ви е многу и не можете да ја изедете за 3-4 дена, тогаш половина леб исечен на кришки, ставете го во кесички за замрзнувач и замрзнете ги, потоа по потреба вадете ги, верувајте вкусот нема да се промени
- остатокот од лебот изедете го за 3-4 дена, ако стои повеќе од тоа ставете го во фрижидер и максимум за 7 дена изедете го
- заради влажноста на лебот, ако не го чувате соодветно, може да се појави мувла
- при печењето на лебот, лушпата од семињата, сончоглед и тиква, прават „зелен обрач“ околу нив- тоа не мувла, туку природна боја од семињата

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови