Чашата е од 200 мл.
1. Прво со лажица се мешаат сите течни состојки вклучувајќи ги и малините и шеќерот.
2. Се меша додека шеќерот не се истопи.
3. Потоа се додаваат ванилите, се промешува, па се продолжува со додавање на сите суви состојки. Брашното нека биде просеано заедно со пецивото.
4. Добро и интензивно се меша со лажица, ќе добиете убава розова структура/смеса која веднаш се префрла во претходно намаслена и набрашнета тава бр. 36 за печење.
5. Се пече во загреана рерна на 180 степени 20 – 25 минути (кога колачот ќе се оддели од краевите на тавата тогаш е печен. Сепак, проверете го боцкајќи го со чепкалка.
6. Додека колачот се пече вие за тоа време пригответе го премазот и глазурата.
7. За подготовка на премазот потребно е добро да се измешаат сирупот и мармаладот.
8. Со оваа смеса го премачкуваме колачот веднаш откако ќе го извадиме од рерна.
9. Глазурата ја подготвуваме така што во мал сад на оган ги ставаме редоследно – шеќерот, водата и маргаринот, да се соединат добро и малку да провријат, потоа го додаваме какаото и мешаме интензивно додека целата смеса да ни се соедини.
10. Тргаме на страна, нека отстои 5 минути, па го глазираме колачот претходно премачкан со премазот.
11. Сега оставаме да се излади час или два, потоа сечеме и послужуваме.
12. Одлично посно десертче. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови