Од секогаш ми се допаѓала мешавината на ајвар со мајонез.
Овде користев посен мајонез кој дури ми е и повкусен од оној со јајца, па од таа идеја произлезе овој намаз кој се прави брзо, одличен е самостално како намаз со лепче, а може и да биде прилог со некое друго јадење.
* Сите состојки се ставаат во еден сад и се мешаат со лажица додека да се изедначат во мазен намаз.
* Овде ставив слатко лута буковска пипер која даде одличен шмек, а вие прилагодете си според вкусот.
* Исто така го обожавам и вкусот на кари кој овде убаво се вклопува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани