Одличен посен намаз со две врсти на печурки со моркови и кромид. :)

1. Измиените шампињони се сецкаат на 4 дела и се сушат со крпа, потоа се пржат во врело масло заедно со исецканиот кромид 15тина минути.
2. Накрај се додаваат маринираните печурки, исецканите на кругови морковите и магдоносот, смесата се зачинува и се пржи уште 5 минути, потоа се лади.
3. Изладените печурки се ставаат во чашата од блендер, се додаваат исецканиот лук и сокот од лимон, потоа смесата се блендира.

Намазот од печурките може да стои во фрижидер 4 дена и најдобро да се послужува со домашно свежо испечен леб.
Пријатен појадок :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани