Еве уште еден во палетата на намази.
Необичен, мешавина од вкусови.
Рецептот се подготвува на следен начин.
За подготовка на овој намаз потребно е патлиџанот да се излупи, да се исецка на кругови и да се посоли.
Оставаме така еден час додека патлиџанот не ја пушти својата горчливост. Исцедете го добро исушете го и ставете да се пече.
Печениот патлиџан ставете го во блендер и додајте му го сусамот, маслиновото масло, лимонот, а потоа зачинете го по вкус со црн бибер и хималајска сол.

Забелешка
Рецептот го најдов во хроно кувар под името посен намаз.
Постои можност да се променува рецептот, во зависност од тоа дали сакате да ставите 1 лажица таан или 2 лажици сусам. Како и да го спремите, одличен е.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови