На загреано масло го пропржуваме ситно сецканиот кромид.
Ги додаваме сецканиот морков, сецканите пиперки,доматот, магдонос, целер.
Пржиме додека не испари сокот кој го пушта зеленчукот.
Го додаваме измиениот ориз, пржиме уште 1-2 минути.
Тргаме од оган па додаваме црвен пипер, вода или бујон, редиме танки ленти компир, бамјите, исчистени од дршките.
Го ставаме тавчето во загреана рерна да крчка околу 30-40 минути.
Пред сам крај во средината ги редиме парчињата моцарела.
Враќаме во рерна уште 3-4 минути, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани