1. Водата, шеќерот и пудингот од ванила се промешуваат и се варат.
2. Се остава убаво да се олади.
3. Во сад се матат маргаринот и шеќерот во прав.
4. Откако ќе се добие кремаста смеса се додава изладениот пудинг и се промешува.
5. Кремот се дели на три еднакви дела.
6. Во едниот дел се додаваат оревите , во другиот дел чоколадото и во третиот дел кокосот.
7. Желатинот се става во 3-4 лажици вода.
8. Во касерола се ставаат јагодите, шеќерот и се вари за кратко, се тргнува од оган и се додава желатинот, се промешува да се раствори.
9. Со пасатор се пасира смесата од јагоди.
10. Од секој дел се става во мали чашки (слоевите се подредуваат по желба).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови