Од состојките за тесто замесете го тестото.
При месењето ако има потреба додајте малку повеќе вода.
Завиткајте го тестото во најлонска фолија и оставете во фрижидер 30 минути.

Крема.
Растворете го густинот и шеќерот со малку млеко.
Остатокот млеко и ванилата загрејте го до зовривање.
Во млаз со постојано мешање додајте го растворениот густин со шеќер.
Мешајте додека кремата се згусти.

Отстојаното тесто поделете го на 2 нееднакви дела.
Расукајте го поголемиот дел во кора и ставете ја во калап.
Избоцкајте ја кората со вилушка и нанесете ја кремата.
Одозгора ставете го кандираното овошје.
Расукајте го и помалиот дел од тестото и нанесте го врз кремата.
Убаво затворете ги краевите и ставете да се пече на 180 степени, 40 минути.

Оставете го колачот да се олади, посипете со шеќер во прав и какао и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани