Овој рецепт го добив одамна од мојата сестра.
Можете да го изведете како куглов,а можете и на начинот на кој што јас го направив.
Декорирајте го по свој вкус.
Јас употребив чоколадни рафаело.
За внатрешноста употребив мармалад од шумско овошје,кој имаше парченца во него.
За подготовка на овој убав десерт потребно е да се подели чоколадото на два дела.

Пола се ренда на јадрата страна на рендето.
Се помешува со останатите состојки-брашното,шеќерот.мармаладот,содата,пецивото,циметот,па се додаваат течните состојки.
Се меша со лажица.
Тестото се префрла на хартија за печење и се пече во загреана рерна.
Откако е печено го оставаме да се излади,па го премачкуваме со мармалад,а потоа го прелеваме со растопено чоколадо.со половината растопено чоколадо.
Ја сечеме на коцки,па служиме.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови