Ова торта јас правив на мојот роденден :)
Многу вкусно испадна! :)
1. Во длабок сад се промешува брашното со пецивото.
2. Во друг сад путерот се меша со шеќерот.
3. Во путерот се додаваат жолчките и ванилата.
4. Потоа оваа смесата се додава кај брашното и се прави тесто.
5. Во плех (38*30 см) обложен со хартија за печење се става тестото и убаво се рамни низ целата површина.
6. Се пече во загреана рерна 10-12 минути на 180 степени.
7. Се прави шам од белките кои се матат со миксер и во нив се додаваат шеќерот во прав и нишестето.
8. На потпечениот пандишпан се премачкува со џем од сливи, се додаваат сецкани ореви и шамот од белки.
9. Повторно се става во рерна да се допече 30 минути на 150 степени.
10. Јајцата, шеќерот, нишестето и ванилата се матат и им се додава загреано млеко и  убаво се меша.
11. Вака подготвената смеса се става во тенџере и се вари крем до згуснување.
12. Се остава да олади, потоа се додава путерот и се мати.
13. Готовиот пандишпан го сечеме на две еднакви половини кои ги премачкуваме со кремот, по што едната половина се става врз другата така што кремот да е одозгора на тортата.
14. Врз кремот се ренда чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови