Вкусотија од ручек.
Топло ви го препорачувам да го направите.

Прво модриот патлиџан го миеме, па го сечеме на половина по должина.
Со помош на алатка ги длабиме двете половинки,
Врз секое парче капнуваме по некоја капка масло и ги ставаме во загреана рерна да се печат.
За тоа време го подготвуваме полнењето.
На загреано масло го ставаме ситно сецканиот праз да се пржи, па постепено ги додаваме сецканиот морков, сецканите пиперки, домат,сецкана срцевина од издлабените домати,сецканите бамји, магдоносот, оризот, босилекот и зачините.
Тука додаваме околу 60-70 мл бујон или вода, за оривчето и зеленчукот малку да се поварат.
Кога ќе остани на мрсното, за некои 6-7 минути ги вадиме модрите патлиџани од рерна.
Ги полниме со подготвената смеса, поклопуваме со ливчиња моцарела, налеваме во садот само малку вода 30-40 мл и враќаме во рерна на едно 10-15 минути.
Во тавата во која го подготвувавме полнењето,  ги запржуваме коцките димена сланина.
Вадиме од рерна ставме по некоја коцка пржена сланинка и уживаме во пикантниот, превкусен ручек.
Совет-оривчето може да се подвари претходно и во тавата со зеленчук да не се додава водичка или бујон, туку да се додаде сварениот ориз.
Наместо ориз може да се користи кус-кус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани