- Во сад се меша меленото месо со ситно сецканиот кромид, лукот, сол, бибер, сув зеленчук, презлата и јајцето.
- Во модла која е правоаголна и повисока ставете го месото и убаво со рака порамнете по дното и ѕидовите од самата модла.
- Откако сте формирале, на дното ставете ја сланината, врз неа кајмакот, а врз кајмакот ставете ги листовите кашкавал. Врз кашкавалот кршете едно по едно од јацата.
- Ставете нека се пече во загреана рерна на 180-190 степени околу еден час, да се испече месото и јајцето.
- Кога е печено извадете од рерна, дозволете да олади и тогаш ќе можете безбедно да го извадите од модлата, сечете и служете со зелена салата.
Преодлично...
Напомена
- Рецептот за меленото месо е исти како на ролатот - Стефани - но наместо да се замотат варени јајца... се формира во модла и се стават живи јајца. Ние останавме презадоволни... се бараше парче плус. Идејата да го спремав вака (јас си го нареков овој рецепт Отворен ролат) е од интернетот.
- Кога одлучив да го правам, немав доволно кајмак, знам дека одличен спој ќе биде ако ставам топено сирење во помала количина, значи ја ставив сланината на дното и ставив тенок слој од топеното сирење. Кашкавал ставив од Гауда која е веќе готова исечена и секое парче посебно пакувано, од сендвич. Дојдовме до заклучок дека е за нијанса повкусно со топеното сирење и ми се чини дека кајмак нема да користам во овој рецепт, но кој е голем обожавател на кајмакот да не го изоставува.
- Чашата е од 100 мл.
- Нема да пречи ако вие мешавината од мелено месо ја спремате на начин и рецепт кој најповеќе го сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани